Могерини-ЕУ да преземе мерки за мигрантите

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини изјави денеска дека Унијата има морална одговорност да ги спречи трагедиите на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа. Според неа, ЕУ нема повеќе изговори за да не делува. Повеќе од 700 мигранти се стравува дека загинаа откако бродот во кој се превезуваа потона во близина на италијанскиот остров Лампедуза во саботата доцна вечерта. Шефовите на дипломатиите на Европската унија денеска во Луксембург ќе расправаат за илегалната миграција.