Јанкулоска-Евидентна вознемиреноста кај Заев од кривичните дела

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска на новинарско прашање во врска со последните прислушувани разговори кои ги објави СДСМ одговори дека со сите колеги и во извршната и во законодавната власт има коректни и професионални односи.Според неа, со секое појавување во јавноста евидентен е стравот односно вознемиреноста кај лидерот на СДСМ, Зоран Заев затоа што најверојатно станува свесен за сериозноста на кривичните дела кои му се ставаат на товар. Јанкулоска порача дека во недостиг на идеи и конкретни предлози, Заев и неговите соработници како единствен начин да се претстават пред граѓаните одлучиле да објавуваат креирани, монтирани материјали набавени на незаконски начин.