На изборите во Финска води опозицијата

Финската опозициска Партија на центарот води на вчера одржаните парламентарни избори пред партиите на владејачката коалиција на десницата и левицата. Финскиот премиер Александар Стуб ја призна победата на опозицијата, додека лидерот на Партијата на центарот Јуха Сипиле изрази задоволство од постигнатиот резултат. Доколку резултатот биде потврден тогаш нов премиер на Финска би бил 53 годишниот Сипиле.