Кинескиот претседател во посета на Пакистан

Кинескиот претседател Кси Џинпинг

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денеска ќе престојува во посета на Пакистан со цел подобрување на економските односи меѓу двете земји. Пекинг и Исламабад се надеваат да создадат Пакистанско кинески економски коридор со цел поврзување на Арапското море со кинескиот западен регион Ксинџијанг. Исто така се очекува да бидат најавени кинески инвестиции за инфраструктурата и енергетскиот сектор во Пакистан во вредност од 46 милијарди долари.