Силен земјотрес го погоди Тајван

Земјотрес со сила од 6.8 степени денеска го погоди источниот брег на Тајван. Јапонија веднаш издаде аларм за цунами откако земјотрес бил почувствуван и јужно од Окинава, но набрзо алармот беше повлечен. Надлежните служби прецизираа дека епицентарот на земјотресот бил на 75 километри од брегот на Тајван.