Оставка и од генералниот секретар на ДУИ

Генералниралниот секретар на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Хазби Лека, се повлече од функцијата во партијата на Али Ахмети, откако вчера истото го нправи и заменик министерот за одбрана Арбен Лабеништа од партијата на Али Ахмети. Лека во отворено писмо до јавноста истакна дека е незадоволен од тоа што неговата партија се уште не се дистанцирала од Владата по објавувањето на бомбите на СДСМ. Медиумите повикувајќи се на партиски извори известуваат дека се можни уште оставки во ДУИ, па и од неколку пратеници.