Путин: Русија подготвена да соработува со следниот претседател на САД

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија и САД споделуваат иста агенда во повеќе области и оти Москва е подготвена да соработува со следниот американски претседател, кој и да биде избран во ноември 2016 година. Во интервју за руската државна телевизија, Путин рече дека Русија и САД треба да соработуваат во области како борбата против ширењето на оружјето за масовно уништување, тероризмот и организираниот криминал. Тој додаде дека двете земји треба да направат повеќе за глобалната економија да биде повеќе демократска, стабилна и избалансирана. Путин нотираше дека двете земји имаат несогласувања во бројни области и го критикуваше САД за едностраното повлекување од договорот за анти-балистички проектили во 2002 година. САД и Западните земји воведоа санкции кон Русија за нејзините акции во Украина и за анексијата на Крим во 2014 година. Во истото интервју Путин одби да коментира за тоа дали Москва ќе ги признае за независни регионите Доњецк и Луганск во источна Украина, каде во моментов украинските владини сили се борат против проруските сепаратисти.