Десетици загинати во самоубиствени напади во Авганистан

Најмалку 30 лица се убиени и околу 80 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан. Напаѓачот наводно се разнесол меѓу толпа во главниот град на провинцијата Нангахар. Набргу потоа била детонирана втора експлозија. Потрпаролот на полицијата е цитиран како вели дека повеќето од жртвите се цивили, но исто така меѓу нив можно е да има и неколку полицајци. Претставник на Талибанците, го осуди нападот на Твитер и негираше било каква инволвираност Полицијата соопшти дека истрагата за нападот продолжува и дека бројот на загинатите може да се зголеми. Во провинцијата Газни во југоисточен Авганистан, официјалните лица соопштија дека четири цивили од етничката група Хазара, биле убиени од непознати напаѓачи. Лицата биле киднапирани минатата недела.