Груевски оствари средба со делагација на ОБСЕ

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска остварил средба со делегација на постојаните претставници на земји во ОБСЕ. На средбата, според владиното соопштение, Груевски истакнал дека реформскиот процес и евроатланската интеграција на земјата е темелна заложба на Владата.

На средбата станало збор и за актуелната политичка состојба во земјата, при што соговорниците истакнале дека е потребно одговорно однесување, ангажман на сите политички чинители и активно учество на сите партии во работата на Собранието. Било истакнато и дека е потребно што побрзо надминување на предизвиците низ институциите на системот и обезбедување на перспектива за понатамошен напредок во интегративните процеси.