Шојгу: САД се виновни за кризите во светот

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги обвини Соединетите држави дека ја минираат безбедноста во светот со финансирање револуции и со ширење на НАТО во обид да ја контролираат Русија. Говорејќи на прес конференција во Москва тој додаде дека светскиот поредок треба да биде редефиниран. „Некои земји кои се сметаат за победнички во Студената војна се обидуваат даја наметнат нивната волја врз други“, изјави министерот Шојгу, наведувајќи дека главна цел е да се оддалечат овие земји од Русија со која имаат заедничка култура и историја.