САД ќе ја штитат најголемата рафинерија во Ирак

генерал Мартин Демпси

Командантот на американските сили генерал Мартин Демпси изјави дека Соединетите држави се фокусирани врз заштитата на најголемата ирачка рафинерија во Баиџи која со месеци е цел на напади на милитантите на Исламската држава. Тој прецизира дека милитантите кои веќе ја имаат контролата врз градот Баиџи успеале да навлезат во некои делови на рафинеријата. Генерал Демпси изјави дека сега било поважно да се заштити рафинеријата отколку градот Рамади каде што, според најновите информации, милитантите на Исламската држава се приближуваат кон центарот на овој град во западниот дел на Ирак.