Охридската бомба на СДСМ

Манипулација со медиумите, како нелегално се делат парцели во Охрид, како за време на локалните избори сите државни институции биле злоупотребени за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, а дури и параполициски структури биле пуштени во градот. Ова како што рече, претседателот на општинската организација на СДСМ Томислав Тунтев на денешната презентација на прислушуваните материјали во Охрид.

Тунтев најави дека од првиот сет телефонски разговори меѓу, како што рече, уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протуѓер, се слушало за „местенки и нарачки“ во провладини медиуми за да се оцрнел невин човек, директор на средно училуште само затоа што, како што рече, бил поставен од поранешниот градоначалник.

Од вториот сет телефонски разговори, меѓу, како што рече, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Протуѓер, се дознавало зошто актуелниот градоначалник Никола Бакрачевски не бил заинтересиран за Студенчишкото блато. За попладнево опозициската партија планира во Охрид да одржи „Марш на вистината“, што ќе заврши на градскиот плоштад со обраќање на претседателот на СДСМ Зоран Заев.