Владина илузија за среќен живот

Пенизонерите на бања. Во ред, но тоа е само делумна илузија која не го решава проблемот со ниските пензии и плати или со без перспективноста на младите. Граѓаните се незадоволни и сметаат дека владата не ги исполнува основните стандарди за пристоен живот

Граѓаните во Македонија велат дека државата не им ги нуди основните можности за пристоен живот. Според повеќето од нив најголема болка предизвикува нискиот животен стандард, иако според индексот на социјален развој тој не е клучниот фактор за социјален напредок.

Јас не знам со 10 илјади денари како можат режиските трошоци да ги покријат?
Анкетиран граѓанин.

„Не нуди никакви услови, особено последните години нема никакви услови за солиден живот. Јас не знам со 10 илјади денари како можат режиските трошоци да ги покријат?“

„Не нуди, за нас возрасните можеби и не е толку опасно, меѓутоа за младиот свет е навистина лошо, нема вработувања, а првата желба им е да заминат надвор.“

„Ние 25 години се уште сме во транзиција. Тие што се блиски со власта или тие на кои во моментот им оди добро, сигурно многу убаво си живеат, гледам живеат многу пораскошно дури и од запад, ама богами тие што не се, навистина не знам како преживуваат“, велат дел од анкетираните во Хајд паркот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Хајд Парк: Може ли во Македонија пристојно да се живее?

Дел од граѓаните велат дека се задоволни од она што државата им го нуди како основни човекови потреби. Сметаат дека имаат доволно права и слободи, но кај повеќето од нив чувството на среќа е непотполно, па затоа бараат излез надвор од границите на земјата.

„Може убаво да се помине во градов и во земјата, ама проблемот е тоа што кога веќе човек се оформува и кога доаѓа време за семејство и за се понатаму нема начин да просперира затоа што е премногу притиснат од државни администрации, од државни институции воопшто и сите тие процедури.“

Пензионерите на бања, тоа е во ред, пензионерите одат или даваат некои бенефиции кои создаваат некоја илузија на некој среќен живот, но не го решаваат проблемот со ниските пензии, со малите пензии, со стандардот, со социјалниот стандард во една поширока смисла.
Илија Ацески, социолог.

„Мислам дека не нуди онолку колку што нудат другите земји од околината, да не се мериме со Европа, туку со нашето опкружување кое беше многу зад нас, меѓутоа сега не стигнаа и не поминаа“, велат дел од анкетираните во Хајд паркот.

Социологот Илија Ацески, пак, вели дека за општествата како нашето вообичаени се популистичките кодови на управување. Оттука Ацески објаснува дека можностите кои во моментот ги нуди државата задоволуваат само одредени потреби на граѓаните, но не ги решава фундаменталните прашања.

„Пензионерите на бања, тоа е во ред, пензионерите одат или даваат некои бенефиции кои создаваат некоја илузија на некој среќен живот, но не го решаваат проблемот со ниските пензии, со малите пензии, со стандардот, со социјалниот стандард во една поширока смисла.“

Ацески вели дека она што надлежните го прават е задоволување на потребите во една политичка смисла, поради што отсуствуваат елементарните параметри за социјалниот концепт на развој. Токму затоа Ацески заклучува дека ваквите мерки имаат само краткорочен ефект кој не е вклучен во основите на реалниот социјален развој.