Американскиот заменик помошник државен секретар Ји во Македонија

Американскиот заменик помошник државен секретар Хојт Ји

Американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Македонија, потврдија од Амбасадата на САД во Скопје. Предвидено е тој да се сретне со премиерот Никола Груевски, со шефот на дипломатијата Никола Попоски и со народниот правобранител Иџет Мемети. Се очекува заменик помошникот државен секретар да одржи средби и со лидерите на опозициската СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети, како и со претставници на граѓанскиот сектор.