Путин ќе одговора на прашања на граѓаните

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи редовната годишна телевизиска сесија на одговарање прашања на граѓани на Русија. Ова е еден од телевизиските настани што, според аналитичарите, Путин ги користи за да го зацврсти неговиот имиџ и да ги увери русите во оправданоста на неговите потези во внатрешната и надворешната политика. Пред настанот, неговиот портпарол Дмитри Песков изјави дека, судејќи според пристигнатите прашања, граѓаните очекувале дури и поцврст политички курс од Путин во одбраната на националните интереси.