Хан-Црна Гора пример за развивање на односите со соседите

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска изјави дека Црна Гора е пример за развивање на односите со соседите во регионот. Тој по средбата со премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ во Брисел ја пофали земјата за досега остварениот напредок во преговарачкиот процес, но истакна дека е важно реформите да се применат во пракса. Според него, тоа е и еден од клучните услови за Црна Гора да добие покана за членство.

Ѓукановиќ изјави дека Црна Гора, која досега отворила 18 преговарачки поглавја, а се подготвува да отвори уште пет, е неспорен лидер во европските интеграции на регионот.