ЕК задоволна од напредокот на Црна Гора

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за време на средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер за време на средбата со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во Брисел порача дека Комисијата е импресионирана од напредокот на Црна Гора во процесот на европски интеграции. Според него, Црна Гора забележала економски напредок и стабилност на јавните финансии, а посветеноста на земјата за унапредување на владеењето на правото и слободата на медиумите е „охрабрувачка“. Ѓукановиќ изјави дека се целосно посветени на спроведувањето реформи и во преговарачкиот процес за членство на државата во ЕУ.