Напад на Ал Шабаб во Сомалија, пет жртви

Најмалку пет лица биле убиени кога милитантите на Ал Шабаб нападнале две владини министерства во сомалискиот главен град Могадишу. Милитантите влегле во зградите на министерствата за образование и за нафта и минерали на што претходеле две експлозии пред нивниот влез. Најмалку и двајца напаѓачи загинале за време на инцидентот. Ал Шабаб одржа серија напади во Сомалија, а групата е одговорна и за нападот на еден универзитет во Кенија при кој загинаа 148 луѓе.