Ден на жалост во Сибир за жртвите од пожарот

Во јужниот дел на Сибир во Русија се одржа ден на жалост за жртвите од пожарите кои го зафатија регионот. Руското министерство за вонредни ситуации соопшти дека 23 лица загинале, а повеќе од 900 лица од неколку градови и села биле повредени од пожарите кои биле предизвикани од горењето на сувите лисја, а се рашиле поради силните ветрови. Најмалку 1500 домови биле уништени, а 5000 луѓе останале на улица.