Таџикистан забрани аџилак за помлади од 35 години

Таџикистанскиот претседател Емомали Рамон

Таџикистан им забрани на граѓаните помлади од 35 години да одат на аџилак во Мека. Забраната доаѓа по еден месец откако претседателот Емомали Рамон повика на долгорочен одржлив концепт базиран на секуларизам. Многу од жителите на земјата веруваат оти забараната е обид да се спречи младите лица да развијат радикални идеи и да им се приклучат на екстремистичките групи како Исламската држава.

Владиниот комитет за религиски и културни прашања соопшти дека целта на забраната е да им се даде поголема шанса на повозрасните лица, бидејќи Саудиска Арабија го ограничила бројот на верници од секоја земја.