Убиени 6 војници во источна Украина

Шест украински војници загинале, а 12 биле повредени во борбите во источниот дел во земјата во последните 24 часа и покрај примирјето. Портпаролот на украинската војска Андриј Лисенко изјави дека жртвите се резултат на сериозните провокации од проруските сепаратисти. Според него, ситуацијата во источна Украина е нестабилна и непријателите продолжуваат со нападите од сите страни.