Иран што побрзо го очекува ракетниот систем од Русија

Заменик секретарот на иранскиот врховен национален безбедносен совет Али Шамхани изјави дека земјата верува оти Русија ќе го испорача ракетниот систем С 300 во оваа година. Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја укина петгодишната забрана за испорака на ракетниот систем, што наиде на критика од САД и Израел.

Секретарот на рускиот безбедносен совет Николај Патрушев изјави дека ќе им бидат потребни најмалку шест месеци на произведувачите да ја подготват испораката на ракетниот систем. Според него укинувањето на забраната ќе помогне за понатамошно унапредување на руско-иранските односи, кое е само мал дел од огромниот стратешки потенцијал на двете земји.