Ирачките сили во офанзива против ИД во Анбар

Ирачките безбедносни сили покренале операција со цел ослободување на областа во западната провинција Анбар која е под контрола на милитантите на Исламската држава. Копнени сили, поддржани од воздушни напади напредувале од неколку страни кон главниот град на провинцијата Рамади. Станува збор за главно сунитска провинција. Претходно ирачките сили потпомогнати од шиитски борци поддржани од Иран успеале да ја вратат контролата врз градот Тикрит.