Грузиски шампион во шах мамел на турнир

Грузискиот шаховски шампион Гајуз Нигалидѕе бил исфрлен од турнирот во Дубаи откако бил фатен додека во тоалет проверувал потези на мобилен телефон. Неговиот противник ерменскиот шахист Тигран Л. Петросјан претходно се пожалил дека грузискиот шахист на два пати ја напуштал играта. Организаторите на турнирот соопштија дека Нигалидѕе го имал сокриено мобилниот телефон во тоалетна хартија.