САД загрижени за одлуката на Русија

Американскиот државен секретар Џон Кери

Белата куќа соопшти дека американскиот државен секретар Џон Кери на неговиот руски колега Сергеј Лавров му ја пренел загриженоста за одлуката на земјата да ја укине забраната за испорака на проектили на Иран. Рускиот претседател Владимир Путин денеска го потпиша декретот, а Лавров изјави дека проектилите се исклучително одбранбено оружје. Според Лавров, проектилите нема да ја попречат безбедноста на ниту една земја во регионот, вклучувајќи го и Израел.

Кремљ соопшти дека го замрзнале договорот за испорака на напредниот ракетен систем во Иран во 2010 година, поради притисокот од западот и санкциите на ОН против земјата поради нуклеарната програма на Техеран.