Лавров-Проектилите се за одбранбени цели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека проектилите се исклучително одбранбено оружје, коментирајќи ја одлуката на претседателот Владимир Путин кој потпиша декрет со кој се укинува забраната за испорака на анти-ракетен систем на Иран. Според Лавров, проектилите нема да ја попречат безбедноста на ниту една земја во регионот, вклучувајќи го и Израел.

Кремљ соопшти дека го замрзнале договорот за испорака на напредниот ракетен систем во Иран во 2010 година, поради притисокот од западот и санкциите на ОН против земјата поради нуклеарната програма на Техеран.