Големи поплави во Казахстан

Поплавите во Казахстан

Патиштата во неколку делови на Казахстан се затворени поради големите поплави предизвикани од топењето на снегот. Комитетот за вонредни ситуации соопшти дека стотици жители биле евакуирани од десетици градови и села во зафатените подрачја, при што засега нема пријави за жртви. Температурите во некои регион во земјата се искачија на 26 степени, што предизвика брзо топење на снежните наноси.