Кривични пријави за криумчарење мигранти

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против две лица од Гостивар, со место на живеење во Гевгелија, и уште едно лице од Свети Николе, кои се осомничени за криумчарење мигранти. Осомничените на 5 април биле стопирани од полицијата на автопатот Велес - Скопје кај селото Катланово, при што во нивните возила биле пронајдени 16 илегални мигранти од Сирија. За двајца од осомничените е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.