Глобалното вооружување на исто ниво

Меѓународниот Институт за мировни истражувања со седиште во Стокхолм објави дека трошоците за вооружување во светот лани биле помали за 0,4 насто , односно билијарда и осумстотини милијарди долари во споредба со претходната година. Намалувањето главно било во Соединетите држави и Западна Европа, но затоа пак зголемување на трошоците бележат Кина, Русија и саудиска Арабија. Институтот оценува дека конфликтот во Украина ги натерало европските земји, главно од Балтикот, да ги зголемат воените трошоци.