Хилари Клинтон повторно ќе се трка за претседател

Хилари Клинтон повторно ќе се кандидира за претседател на Соединетите држави во 2016 година. Поранешната прва дама и државен секретар кандидатурата ја најави на видео објавено вчера на интернет. Претходно шефот на кампањата на Клинтон, Џош Подеста во мејл напиша: „И официјално. Хилари ќе се трка за претседател“. Клинтон во 2008 година загуби на номинацијата на Демократската партија за нивен претседателски кандидат од сегашниот претседател Барак Обама. Тој потоа ја наименува за американски државен секретар. Републиканците тврдат дека евентуалниот избор на Хилари Клинтон ќе биде исто што и трет претседателски мандат за Обама.