Авганистан: 27 талибански борци загинале во вчерашните борби

Авганистанската полиција соопшти дека владините сили убиле 27 талибански борци за време на интензивните борби во последниве 24 часа во североисточната провинција Бадакшан. Локалната полиција соопшти дека борбите во областа завршиле вчера. Според нив осум од убиените бунтовници се странски борци. Во судирот загинале и шест војници, а 12 се повредени. Според нив до инцидентот дошло откако талибанските бунтовници ги нападнале безбедносните стражи на 10 април. Во друг инцидент вчера во провинцијата Парван, северно од Кабул се повредени 11 луѓе. Претходниот ден пак во три различни напади во Авганистан загинаа вкупно 15 луѓе.