Обама оптимист за договорот за иранската нуклерна програма

Американскиот претседател Барак Обама рече дека тој е оптимист дека нацрт спогодбата за контрола на иранската нуклеарнапрограма ќе биде финализирана и покрај силните зборови искажани неделава од врховниот лидер во земјата Али Хаменеи. Обама рече дека не е изненаден од реакцијата на Хаменеи, додавајќи дека Иран има своја политика за прашањето и цврсти линии кои треба да бидат задоволени. Обама ова го изјави зборувајќи пред новинарите вчера на американскиот самит во Панама. Светските сили и Иран постигнаа времен договор минатата недела во Швајцарија. Сега тие се соочуваат со крајниот рок кој истекува на 30 јуни. Дотогаш тие треба да постигнат детален договор со кој ќе се ограничи иранската нуклеарна програма, а за возврат ќе бидат тргнати некои од санкциите за финансискиот и енергетскиот сектор кои ги воспоставија САД, ЕУ и ОН. САД соопштија дека тие ќе ги отстрануваат санцкиите кон Техеран постепено и во фази, но иранските власти, вклучително и врховниот лидер Хаменеи, рекоа дека санкциите мора да бидат тргнати скоро, односно кога ќе биде постигнат конечниот договор.