Јахјага: Албанците ги обединува Европа

Косовската претседателка Атифете Јахјага обединувањето на Албанците го гледа единствено во Европската унија. Според неа влегувањето во ЕУ подразбира обединување не само меѓу Албанците туку и сите народи на Балканот кои се стремат кон европската интеграција.

“Интегрирањето во ЕУ ќе го означи и обединувањето со идеата и душата на политичката и економската слобода, рамноправност и соработка меѓу сите народи, вклучувајкќи го и народот на Косово како нераскинлив дел” изјавила Јахјага за „Данас“.

Таа искажала убеденост дека ЕУ не е целосна без членството на сите земји од регионот на Балканот, вклучувајќи го и Косово.

Претходно како што јави МИА албанскиот премиер Еди Рама и понатаму останувал на изјавата дадена деновиве за приштинската телевиизја Клан Косово дека доколку Косово и Албанија не се интегрираат во ЕУ тие ќе се обединат според традиционален начин. Како што пренесува Коха диторе, тој ги игнорирал реакциите на ЕУ и САД во врска со оваа негова изјава.