Во центарот на Скопје вечерва времен сообраќаен режим

Поради велигденските празници,во центарот на Скопјевечер од 18:00 часот доутре во 6 часот ќе има забрана за сообраќај на дел од бул. „Партизански Одреди“, од крстосницата со ул. „Френклин Рузвелт“ до крстосницата со ул. „Даме Груев“, како и на дел од бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосницата со ул. „Орце Николов“ до крстосницата со ул. „Димитрие Чуповски“. Од Град Скопје информираат дека автобусите што го опслужуваат јавниот градски сообраќај и се движат по улиците кои ќе бидат затворени ќе се пренасочат по други улици. Од Град Скопје апелираат учесниците во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.