Руски борбен авион принудил американско летало да го смени правецот

Руското министерство за одбрана соопшти дека нивни борбен авион пресретнал американски извидувачки авион над Балтичкото море во близина на руската граница и го принудил леталото да ја смени насоката. Портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков рече дека американското летало РЦ-135 се приближило кон руската граница на седми април пред да биде пресретнаро од борбениот авион Су-27. Американската одбрана соопшти дека рускиот борбен авион летал опасно блиску до нивниот и дека речиси се судриле. Портапаролот Елејн Лаинез нагласи дека летот бил рутински. До инцидентот доаѓа во време на зголемени тензии за руските активности во балтичкиот регион. Неделава пет нордиски држави се согласија да работат заеднички на одбраната забележувајќи ги зголемените руски воени активности во Балтикот.