Москва:Нема напредок во сириските мировни преговори

Разговорите меѓу опозицијата и сириската влада завршија во Москва со меѓусебни обвинувања за немањето на напредок. Според аналитичарите Кремљ ги организирал еднонеделните разговори во обид да ја подобри меѓународната положба во време на тензии со западот за Украина. Но главната опозициската група поддржана од западот, Сириската национална коалиција одби да учествува на московските разговори поради недовербата во руските намери. Рускиот посредник во разговорите Витали Наумкин рече дека страните не успеале да се договорат за финалниот документ откако имале несогласувања за мерките за градење заедничка доверба. Русија силно ја поддржува владата на сирискиот претседател Башар Асад.