МВР потврди дека имало детонација пред Влада

Експлозија пред македонската влада. Фото: plusinfo.mk

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 21 часот имало детонација на пет до десет местри од зградата на Владата на Република Македонија. Од експлозијата не е нанесена штета.

„Околу 21:00 часот во МВР е пријавено дека е слушната детонација во близина на Владата во правец кон споменикот „13 Ноември“. Екипи од Одделот за антитероризам и деминирање веднаш излегоа на терен. Од извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, во тревник кон Вардар, на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата. Од експлозијата не е нанесена никаква штета“, соопшти МВР.

Од местото на настанот биле подигнати остатоци за вештачење.