Милитантите на ИД го нападнале ирачкиот град Рамади

Ирачките власти соопштија дека милитантите на Исламската држава спровеле голем напад врз градот Рамади, кој е главен град на покраината Анбар. Милитантите го нападнале северозападниот и југозападниот дел на градот. Безбедносните сили соопштија дека на нападот во северозападниот дел возвратиле со копнена и со воздушна поддршка. Во југозападниот дел преку бомби поставени во автомобили милитантите успеале да се пробијат и влезат во градот. Најмалку 13 милитанти, според властите загинале во борбите.