Борби во Авганистан, убиени 19 талибанци

Полицијата соопшти дека авганистанските безбедносни сили убиле 18 талибанци, меѓу кои имало и странски борци во североисточната покраина Бадакшан. Шефот на локалната полиција Мухамед Бајдар изјави дека се уште се водат интензивни борби. Според него, борбите започнале кога талибанците го нападнале полициското седиште рано изутрината, при што веднаш било испратено засилување. Бајдар информира и дека двајца војници биле убиени, а седум повредени во борбите.