Обвинети четворица Босанци за финансирање тероризам

Четворица Босанци се обвинети за финансирање на терористички активности и за регрутирање на борци за екстремистичката група Исламска држава во Сирија и Ирак. Хусеин Ердиќ, е обвинет за организација на заминувањето на Невад Хусидиќ и Мерим Кесеровиќ, кои планирале да се приклучат на милитантите. Според обвинението, Ериќ соработувал со неидентификувани лица од Турција. Четвртиот осомничен Мидхат Трако требал да обезбеди финансии за патувањето.

Обвинетите беа уапсени во февруари годинава, откако во земјата беше усвоен закон чија цел е да ги обесхрабри Босанците да учествуваат во борби во странство.