Пакистан не се вклучува во конфликтот во Јемен

Припадници на шиитските бунтовници Хута во Јемен

Пакистанскиот парламент усвои резолуција за Јемен, во која се повикува сите фракции во земјата да ги решат мирно нивните несогласувања и притоа во неа е изразена желба Исламабад да остане неутрален во конфликтот. Пратениците едногласно ја усвоија резолуцијата, откако претходно порачаа дека се против воена интервенција на Пакистан во Јемен. Саудиска Арабија вршеше притисок врз својот сојузник Пакистан да и се придружи на коалицијата, предводена од земјата која се бори со шиитските бунтовници во Јемен.