Обама: Куба вон листата земји кои спонзорираат тероризам

Раул Кастро и Барак Обама

Претседателот Барак Обама сигнализира дека наскоро тој ќе ја отстрани Куба од американската листа на земји кои спонзорираат тероризам. Тој ова го соопшти неколку часови пред неговото пристигнување на Американскиот самит во Панама. Обама прецизира дека Стејт департментот го заврши преразгледувањето на кубанската вклученост во таа листа. Кон крајот на минатата година двете земји соопштија дека по 50 годишни тензии ќе работат на подобрување на нивните односи. Во Панама не се предвидени официјални средби меѓу Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро, но Белата куќа соопшти дека „сигурно нивните патишта ќе се вкрстат“. Пред почетокот на самитот дојде до средба меѓу американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез.