Бајден: запрено напредувањето на ИД во Ирак

Американскиот потпретседател Џо Бајден

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека во Ирак било запрено напредувањето на милитантите на Исламската држава. „На многу места тие се повлекуваат“, изјави тој откако ирачката влада деновиве прогласи победа врз оваа сунитска екстремистичка група во градот Тикрит. Шиитски борци, поддржани со воздушни напади од сојузниците предводени од Соединетите држави успеале да ги истераат милитантите на Исламската држава од градот што го држеа во нивна контрола од јуни минатата година. „Аурата на нивната непобедливост е скршена“, оцени Бајден кој додаде дека Исламската држава ги обедини сунитите, шиитите и курдите во Ирак.