Уапсен осомничениот за нападот на суд во Милано

Судот во Милано каде се случи инцидентот.

Италијанските власти соопштија дека го уапсиле лицето кое е осомничено дека убило најмалку две лица во судница во италијанскиот град Милано. Судијата од апелациониот суд Џовани Канзио изјави дека напаѓачот отворил оган на влезот во судницата, при што убил еден судија и најмалку уште едно лице.

Министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано изјави дека осомничениот бил притворен откако го напуштил местото на инцидентот со моторцикл. Полицијата соопшти дека осомничениот бил обвинет во случај поврзан со банкрот.