Убиено едно лице во напад на суд во Милано

Едно лице загинало, а најмалку две се повредени кога еден маж отворил оган во суд во италијанскиот град Милано. Локалните медиуми јавија дека меѓу повредените е и еден адвокат. Претседателот на апелациониот суд во градот, Џовани Канзио изјави дека осомничениот за нападот се уште е во бегство. Полицијата соопшти дека напаѓачот бил обвинет во случај со корупција.