Рохани-Санкциите да бидат укинати кога ќе се постигне договор

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран очекува меѓународните санкции да бидат укинати на денот кога ќе се постигне конечен договор за нуклеарната програма на земјата. Тој за време на церемонијата за одбележување на националниот ден на нуклеарна технологија порача и дека Иран сака договор кој ќе претставува победа и за двете засегнати страни инволвирани во нуклеарните преговори.

На 2 април беше постигнат рамковен договор за нуклеарната програма, кој треба да го отвори патот за финализирање на конечниот договор до крајниот рок на 30 јуни.