Француска ТВ станица хакирана од ИД

Француската телевизиска станица ТВ5 Монд соопшти дека хакери кои се претставиле како членови на терористичката група Исламска држава ја презеле контролата врз нејзините телевизиски канали, веб страницата и Фејсбук. Директорот на станицата Ив Бижо изјави дека телевизијата не можела да емитува програми и оти на веб страницата и на Фејсбук се појавило логото на Исламската држава. Тие исто така покажеле документи за кои велат дека биле лични карти на француски војници инволвирани во воените операции против милитантите на Исламската држава. Бижо додаде дека станицата која емитува во многу земји во светот по четири часа успеала да ја врати контролата врз програмите, но не и врз веб страницата. Хакерите се претставиле како „Сајбер Калифат“ кои водат сајбер џихад против непријателите на Исламската држава.