Убиен американски војник во Авганистан

Претставник на американските власти соопшти дека еден војник од земјата загинал за време на престрелка меѓу авганистанските и НАТО силите во покраината Нангахар. Најмалку уште двајца американски војници биле повредени. НАТО претходно соопшти дека еден војник загинал, без да ја објави неговата националност. Но, локалната полиција во Нангахар посочи дека војниците кои биле вклучени во инцидентот се Американци.