Профитот на „Газпром“ падна за 70 проценти

Рускиот државен гигант „Газпром“ забележа пад на профитот од 70 насто во првите два месеца од годинава. Профитот од извозот на гасот во тој период бил намален на околу 7 ипол милијарди долари. Тоа, како што е соопштено во Москва, било главно поради големиот пад на цената на гасот. Во периодот јануари, февруари лани илјада кубни метри гас чинеле 334 долари, а истиот период годинава 269 долари. За денеска во Москва е најавена средба на рускиот премиер Владимир Путин со шефот на „Газпром“ Алексеј Милер.