Прекин на струјата во Белата куќа, Капитол

Белата куќа, Капитол и Стејт департментот во Вашингтон синоќа неколку часови останале без електрична енергија. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека резиденцијата на претседателот Барак Обама веднаш биле приклучена на генератори за струја. Прекинот се случи во момент кога портпаролот на Стејт департментот Мери Харф ја одржувала редовната дневна прес конференција. Одделот за домашна безбедност веднаш исклучи секаква терористичка закана, наведувајќи дека причина бил прекин на преносот на електрична енергија во Мериленд.